Легендарната ѕвезда на „The Shining“ почина на 75-годишна возраст: Од актерството се повлече 2002 година

од Илинка Илиоска
59 прегледи

Ѕвездата на филмот „The Shining“, Шели Дувал, почина на 75-годишна возраст. Според првичните информации, актерката починала од компликации од дијабетес во четвртокот во својот дом во Тексас, пишува „Variety“.

Шели ја започна својата кариера во раните 1970-ти, кога доби улога во филмот „Brewster McCloud“ во режија на Роберт Алтман.

После тоа, следеа успешни улоги во филмовите: „McCabe & Mrs. Miller“, „Thieves Like Us“, „Nashville“, „Annie Hall“ и „3 Women“, кој ѝ ја донесе наградата за најдобра актерка на Канскиот филмски фестивал.

Нејзиното последно телевизиско појавување беше во 2016 година, кога беше во емисијата „Dr. Phil“, а подоцна во интервју за „The Hollywood Reporter“ зборуваше за снимањето на филмот на Кјубрик и откри дека тоа за неа било исцрпувачки бидејќи бил тој многу тежок и напорен, а се осврнала и на својата целокупна холивудска кариера.

Пред тоа никој не ја видел со години и не знаел точно каде се наоѓа. Шели последен пат глумеше во филмот „Manna from Heaven“ од 2002 година, а потоа се повлече од актерството.

Се прослави со улогите во филмовите „The Shining“ и „Popeye“, а денес од тој успех и пари кои ги заработила не ѝ останало ништо.

Актерката разви тешко психичко растројство и се повлече од очите на јавноста, ретко излегувајќи од својот дом.

Шели поради болеста целосно престанала да се грижи за својот изглед, па затоа многу нејзини обожаватели беа тажни секогаш кога ќе видеа некоја нејзина неодамнешна фотографија.

Слични содржини