Легендарната Ејми Вајнхаус денес ќе го славеше својот 37-ми роденден

од Vladimir Zorba

Трагично починатата пејачка Ејми Вајнхаус денес би го прославила својот 37-ми роденден. Наместо тоа, таа трагично почина пред десет години и се приклучи на „Клубот 27“, со што стана легенда.

Една од најголемите светски sвезди почина во 2011 година на 27-годишна возраст, а зад себе остави бројни хитови кои се слушаат и денес. Освен по својот фантастичен вокал, Ејми за жал беше позната по бројни скандали, од кои повеќето беа последица на нејзиниот неуреден живот и борба со зависноста.

Ејми Вајнхаус е заслужна за влијанието врз зголемената популарност на женските изведувачи и соул музиката и за заживување на британската музичка сцена. Нејзиниот специфичен стил ја направи муза на модни дизајнери, како Карл Лагерфелд. Проблемите со зависноста од дрога и злоупотребата на алкохол, како и склоноста кон самоуништување, се редовна тема во таблоидите од 2007 година до нејзината смрт. Заедно со нејзиниот поранешен сопруг Блејк Филдер, таа имаше проблеми со законот, за што тој беше осуден на затворска казна.

Во текот на 2008 година, Вајнхаус се соочи со низа здравствени компликации што претставуваа сериозна закана и за нејзината кариера и за нејзиниот живот.

Нејзината култна песна „Rehab“ е создадена сосема случајно во студиото, додека таа му се пожалила на својот продуцент дека нејзините родители и пријатели ја принудуваат да започне со третман од зависност од алкохол. Последниот концерт на пејачката се одржа во Белград, а траеше само 11 минути бидејќи таа не беше во состојба ниту да стои, а камоли да пее.

Откако публиката ја исвирка, Ејми се повлече од сцената и ја прекина нејзината европска турнеја.

Во последните моменти од нејзиниот живот, според некои извори, лежела во кревет со шише вотка, додека ги гледала своите видеа на Јутјуб и си се смеела самана себе.

Таа била пронајдена мртва во нејзината куќа во Лондон, а според првите полициски извештаи, не била позната причината за смртта.

Подоцна беше објавено дека Вајнхаус починала од труење со алкохол.

Слични содржини