Лејди Гага атакува на Оскар: Критичарите полудеа по „Куќата на Гучи“

од Nikola Popovski

Иако штотуку беше објавен трејлерот за „Куќата на Гучи“, критичарите веќе го фалат настапот на поп -sвездата Лејди Гага, која ја игра главната улога во филмот – црната вдовица Патриција Регани, одговорна за убиството на нејзиниот сопруг Маурисио Гучи.

„Долгоочекуваното враќање на Лејди Гага на филмското платно изгледа магично“, објави Хафингтон пост.

Магазинот„Esquir“ e наведува дека филмот носи драма, брилијантност, гламур и спектакл, и дека Гага сигурно ќе добие втора номинација за главна актерка во филмот.

„AwardsWatch“, исто така, наведува дека улогата на Патриција Реган на поп -sвездата, сигурно може да ѝ донесе номинација за Оскар.

„Гага е родена за улогата на Регани“, наведува ЕТ..

Вог исто така наведува дека филмот, но и Гага, содржи „се што можете да очекувате и повеќе од тоа“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Gaga Daily (@gagadaily)

Ова ќе биде втора главна улога на Лејди Гага во филм. Таа веќе ја доби номинацијата за најдобра главна актерка со филмот „Sвездата е  родена“ со Бредли Купер.

Во главните улоги за филмот со семејството Гучи се и Ал Пачино, Салма Хајек и Адам Драјвер.

 

Слични содржини