384
Поп sвездата Лејди Гага предизвика овации кај фановите откако го напушти својот хотел во Њујорк претходниот викенд.
Гага се појави во виолетов триаголен фустан на Валентино. На главата носеше капа со иста боја, а носеше и потпетици со отворено стапало.
Целата облека ги потсети нејзините обожаватели на вонземјанин – во најпозитивен можен контекст, бидејќи, сепак, се работи за Лејди Гага.
Пејачката моментално се наоѓа во Њујорк поради настапот со џез-легендата Тони Бенет, со кого сними нов студиски џез-албум.