Лејди Гага: Русите беа и останаа глупави

од Vladimir Zorba
392 прегледи

На нејзиниот џез концерт во Вегас, Лејди Гага испрати порака до официјална Москва, прашувајќи „Зошто не ме уапсивте кога имавте шанса?“

Ново видео кое кружи на социјалните мрежи ја прикажува Лејди Гага како седи на пијано на нејзиниот концерт во Лас Вегас, а зборува за Русија и Владимир Путин.

„Русите беа и останаа глупави“, започна таа.

„Требаше да ме уапсат кога имаа шанса“, додаде пејачката.

По нејзините зборови, публиката почна да вреска и да аплаудира.

За какво апсење зборува?

Во 2012 година, Гага организираше концерт во Москва како дел од нејзината турнеја „Born This Way“. Тогаш беше планиран контроверзен руски закон со кој се забранува „промоција на хомосексуалноста“, поради што пејачката беше предупредена дека, како личност која ја поддржува ЛГБТ заедницата, може да биде уапсена.

Целиот истоимен албум на Гага – „Born This Way“ – всушност е посветен на ЛГБТ заедницата, а насловната песна го содржи текстот „Не е важно дали си геј, лезбејка, транс, затоа што си роден ова начин“.

Пристигнувајќи во Москва, поточно за време на настапот, Гага им се обрати на публиката и побара од руските власти да ја уапсат.

„Кога требаше да одам во Москва, ми рекоа дека може да ме уапсат. Уапсете ме! Не ми е гајле. Москва, дали ќе се согласите да ме уапсат поради слободата?“, им порача Гага на своите фанови на концертот.

„Моето име е Лејди Гага, имам 26 години и доаѓам од Њујорк. Верувам дека мажите и жените заслужуваат да се сакаат подеднакво. Уапсете ме, Русија, не ми е гајле“, додала таа.

Гага и Мадона беа под истрага следната година бидејќи дошле во Русија со погрешни визи. Освен за визата, извештаите шпекулираат дека вистинскиот проблем со појавувањето на Гага и Мадона во Русија е тоа што и двете отворено зборувале за правата на хомосексуалците на сцената. Виталиј Милонов, политичарот кој го напиша законот за забрана на геј пропаганда, ги предводеше напорите за казнување на пејачките.

Гага потоа на сцената изјави – „Русија е мојата куќа вечерва, а ти можеш да бидеш геј во мојата куќа“.

По враќањето во САД, кога насловите на медиумите гласеа „Мајка чудовиште против мајка Русија“ – како што се нарекуваат Гага и Русија на сленг, пејачката повторно се огласи на Твитер.

„Зошто не ме уапсивте кога имавте шанса? Затоа што не сакавтее да му одговорите на светот“, напиша Гага на Твитер.

Слични содржини