Лејди Гага ќе се приклучи на серијата Wednesday на Нетфликс во втората сезона, објави „Дедлајн“.
Лејди Гага досега беше поврзувана со серијата од обожавателите кои споделуваат забрзана верзија на нејзината песна Bloody Mary заедно со клипови од виралниот танц на Џена Ортега од серијата.
Засега не се знае каква улога ќе игра, а снимањето на новата сезона започна во април годинава во Ирска. Џена Ортега во август изјави дека веќе се снимени четири епизоди.
По објавата дека Лејди Гага се приклучува на оваа серија, тоа ќе биде нејзина прва улога по филмот „Џокер 2“, кој ги подели публиката и критиката, во кој таа го толкуваше ликот на Харли Квин.
Пред тоа, пејачката глумеше во филмовите „Гучи“ и „Ѕвездата е родена“, а не е невозможно да биде некој од поширокото семејство Адамс, бидејќи беше најавено дека втората сезона ќе го прошири семејството.
Во втората сезона, покрај Џена Ортега, улоги имаат и Кетрин Зета-Џонс, Луис Гузман, Исак Ордонез, Лујанда Унати Луис-Нјаво, Били Пајпер, Стив Бушеми, Ајви Темплтон, Овен Пејнтер и Ноа Тејлор.