Поп ѕвездата Лејди Гага со солзи им се обрати на фановите на Инстаграм откако мораше да прекине еден од концертите во Мајами.
Гага на Инстаграм објави видео од две и пол минути, во кое им се извини на обожавателите затоа што морала да го прекине концертот поради силно невреме и грмежи.
Пејачката тврди дека безбедноста на публиката и екипата ѝ била најважна и дека морала да прекине кога удрил гром во близина на местото на концертот.
„Навистина сакав да го завршам шоуто, но тоа едноставно не беше можно. Проценив дека не е безбедно. Извинете за тоа. Секогаш сакам да бидам лоша кучка, но сакам и да бидам сакана и грижлива, затоа морав да застанам на половина пат“, низ солзи раскажува Гага во видеото.
Ова беше еден од нејзините последни концерти во рамките на турнејата „Chromatica Ball“.