Лекар го посетил соборениот претседател на Нигер, откриена неговата состојба

од Stefanija Kuzmanovska
389 прегледи

Нигерискиот претседател Мохамед Базум, кој е затворен во својата претседателска резиденција во Ниамеј од 26 јули кога беше соборен со државен удар, денеска бил посетен од неговиот лекар, изјавил еден од неговите роднини.

Лекарот му донел храна, а синот и сопругата останале покрај него, открил неговиот братучед, пренесе францускиот весник „Фигаро“.

„Добро му оди со оглед на ситуацијата“, додаде тој.

Слични содржини