159
Лекарите го прогласија претседателот на Соединетите Американски Држави, Џозеф Бајден (80) за здрав и способен за должност, а беше утврдено и дека нема долгорочни последици од Ковид, откако минатата година беше позитивен на корона вирусот.
„Претседателот останува способен за должност и целосно способен да ги извршува сите свои одговорности без никакви откажувања или прилагодувања“, рече лекарот од Белата куќа Кевин О’Конор во резимето на медицинскиот извештај по редовниот преглед.
Лекарот оценил дека Бајден е „здрав, силен 80-годишник“, пренесува Ројтерс.