Лекарите изнесоа нови детали за здравствената состојба на Берлускони

од Stefanija Kuzmanovska
155 прегледи

Здравствената состојба на поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони, кој пред три недели беше примен во болница поради белодробна инфекција предизвикана од хронична леукемија, е подобрена, соопштија денеска неговите лекари.

„Во текот на изминатите четири дена, одговорот на третманот овозможи да се постигне стабилна клиничка состојба која се карактеризира со оптимално и убедливо обновување на функциите на органите“, се наведува во медицинскиот билтен, пренесува „Ројтерс“.

На 5 април Берлускони (86) беше примен во болница поради воспаление на белите дробови, а при хоспитализацијата лекарите открија дека боледува од хронична леукемија.

Тој беше пуштен од одделот за интензивна нега на 16 април.

Слични содржини