Лекарите во Шпанија излегоа на протест: Оставени сме сами да се бориме против короната

од Stefanija Kuzmanovska
297 прегледи

Лекарите и медицинските сестри денеска протестираа во Мадрид со звук на тапани поради, како што велат, намалувањето на медицинските услуги и затоа што властите ги оставиле сами да се борат против коронавирусот.

Околу 4.000 медицински работници излегоа на улиците на главниот град на Шпанија, која беше најпогодена од пандемијата, извикувајќи „помалку знамиња, повеќе медицински сестри“.

Лусија Тиелвес (65), помошник здравствен работник, рече дека шпанската влада „го разделува здравството“, објави „Ројтерс“.

„Во приватните компании, здравството е бизнис. Во државните здравствени институции секој може да дојде. Значи, онаму каде што здравството е бизнис, ако немате пари, не добивате услуга”, рече таа, без да прецизира во која смисла здравствените услуги се намалени.

Конзервативната влада во Мадрид негираше дека имало намалување на медицинските услуги.

 

Слични содржини