Лекарите не ѝ препорачуваат на Ким Кардашијан да има повеќе деца, но пак риалити хероината сака да го зголеми семејството. Таа сака му подари на пејачот Кание Вест трет наследник.
“Ќе се обидам да имам уште едно бебе. Сакам моите деца да имаат повеќе роднини, но лекарите мислат дека не е безбедно за мене “, изјави ѕвездата во трејлер за следната епизода на шоуто Keeping Up With the Kardashians.
36-годишната Ким, која ја наметна модата на раскошните задни форми и голи селфиња, роди две деца од Кание. Ќерката Норт Вест се појави на виделина во 2013 година, а најмалиот Сент Вест – во 2015 година.
И кај двете бремености сепак таа имаше компликации поради кои лекарите ѝ препорачуваат да се разгледа варијанта со сурогат мајка. Или пак семејството да посвои дете.