Лекарската комора чека одлука од Министерството: Нема ингеренција за стручните пропусти во случајот со бебето

од Илинка Илиоска
25 прегледи

Лекарската комора соопшти дека нема законски ингеренции да бара одговорност или да предложува мерки за стручните пропусти кои беа утврдени во третманот на 14-месечното бебе. Според комората, Министерот за здравство треба да издаде решение кое ќе ја прецизира индивидуалната одговорност и ќе предложи конкретни мерки.

„Лекарската комора ќе постапи веднаш штом добие Решение од министерот за здравство со кое точно ќе се прецизира индивидуалната одговорност и ќе се предложат мерки согласно законските прописи,“ соопштија од комората.

Комората истакна дека досега не е доставено такво решение и дека нема можност да започне постапка само врз основа на доставениот извештај. Дополнително, комората посочи дека најголемиот дел од пропустите се системски и мерките треба да ги преземат другите надлежни институции, предводени од Министерството за здравство.

„Најголем дел од пропустите нотирани во извештајот се системски, за кои Комората нема директна надлежност, но изразува голема загриженост,“ додадоа од комората.

Во меѓувреме, директорот на Детската клиника информира дека формирал Комисија за водење на дисциплинска постапка против двајца доктори кои го прегледале бебето.

„Донесено е решение за времено отстранување на двајца доктори до донесување на конечно решение,“ соопштија од Клиниката.

Комисијата за стручен надзор утврди системски, технички и стручни пропусти во третманот на бебето.

Слични содржини