Во 1971 година индискиот филм “Слон, мојот пријател” го потресе светот. Во лентата овие огромни цицачи за првпат беа претставени на начин за кој не бевме ни сомневале – емоционални, сочувствителни, несебични и исклучително љубовни, и тоа не само кон својот вид.
Низ годините десетици приказни на зоолози и очевидци откриваат дека слоновите се животни, блиски до луѓето, и можеме само да им се восхитуваме и да учиме од нив.
Последниот документарен филм за Animal Planet откри дека големите цицачи се единственото друго живо суштество, освен човекот што може да тагува и да доживува огромен спектар различни емоции.
Слоновите сакаат силно и не се срамат тоа да го покажат! Еве и што можеме да научиме од нив и да го примениме во нашите односи едни со други.
Покажете ги емоциите – тие може и да не користат зборови, но нивните активности се елоквентни.
Слоновите имаат смисла за хумор, сакаат да си играат и да им помагаат на своите другари. Тие се сочувствителни, грижливи и придружни партнери – работи кои се основни за секоја човечка врска.
Моќта на допирот
Големите цицачи ја користат сурлата за сè и често со нив го галат партнерот или своите деца. Како стадо животни, тие се навикнати да бидат во група и да се опкружени со други суштества од својот вид, кои ќе им создаваат чувство на комфорт, љубов и безбедност. А ,тие од своја страна го вреднуваат тоа. Докажано е дека допирот има смирувачки ефект. Исто така со него се ослободуваат ендорфини, кои доведуваат до чувство на среќа.
Тимска работа
Една од најважните работи кои паровите треба да ги научат е дека тие се веќе тим. Кај слоновите тоа чувство е вродено и тие се потпираат еден на друг.
Љубопитност
Слоновите се љубопитни животни и сакаат да ја истражуваат не само ситуацијата околу себе, но и останатите членови на стадото. Во меѓучовечките односи љубопитноста исто има место.Ова е манифестација на интерес кон другиот, што го прави да се чувствува посакуван и потребен.
Креативност
Повеќе пати сме слушнале и виделе приказни за слонови, кои се заробени во различни уметнички настани. Креативноста е нешто што го прави и човекот поинтересен посреќен и го тера да зрачи повеќе позитивна енергија.
Сочувство
Како што веќе рековме, слоновите се способни на бескрајно сочувство. Тие прво одговараат со добрина и со љубопитност, подготвени да им помагаат на суштества не само од својот вид, туку и од друг. Овој квалитет е силно ценет и кај луѓето, особено на личен план.
Алтруизам
Во денешно време сè поретко се наоѓаат луѓе кои да прават несебични работи. Еве уште една причина да свртимепоглед кон овие големи животни кои би ни помогнале, би нè успокоиле и би нè поддржале во потреба, без да очекуваат нешто за возврат.