По големиот притисок од јавноста за астрономските суми за третман во приватното здравство, една година од почетокот на пандемијата Владата на денешната седница го усвои предлогот за измени за Законот за здравствена заштита за изедначување на референтните цени за дијагностицирање и лекување болни од Ковид и на државно и на приватно. Лекувањето на пациенти со Ковид-19 во приватните болници да се движи од 600 до 5000 евра исто колку што Фондот за здравство им плаќа на државните клиники.
Филипче ги повика сите пратеници да дадат подршка за овие законски измени.
-Во време на пандемија од клучна важност е пратениците да го изгласаат оваа законско решение со кое цените за третман на пациенти во приватните болници ќе бидат финансиски издржливи за сите граѓани, напиша на ФБ министерот за здравство Венко Филипче.