Директорот на приватниот автобуски превозник „Слобода превоз“, Ленин Јовановски, изјави дека тие остануваат на своето барање и очекуваат во која било формат да бидат примени од страна на премиерот Димитар Ковачевски, но вели дека доколку нема решение по средбата со премиерот опциите на граѓански револт и протестите и понатаму остануваат.
– Ние остануваме на нашето барање и очекуваме премиерот во која било форма да не прими каде што ќе ги изнесеме сите докази и факти и граѓаните мора да бидат известени од највисокиот државен орган околу тоа што се случува во јавниот превоз, рече Јовановски во одговор на прашањето за ставот на превозниците околу повикот на премиерот Димитар Ковачевски дека ќе има средба со приватните автобуски превозници заедно со претставници од Градот Скопје, но од друга страна од Градот сепак велат дека нема што да се преговара.