Леново го претстави својот прв смартфон со две селфи камери

од Vladimir Zorba
78 прегледи

Lenovo веќе го најави излегувањето на 5-инчниот VIBE S1 на пазарот – уникатен смартфон со две предни камери и атрактивно извиен грб од стакло, нудејќи се во две различни бои. Последниот прилог на семејството на VIBE ја комбинира можноста да правите навистина иновативни селфиња со модерен надворешен дизајн.1a96ffff985a36c99141229da7a757cb

“Повеќе од милион селфиња се прават на ден, а 48% од нив се споделуваат на Фејсбук, Поинаку кажано – тие се најпопуларниот вид фотографии, направени со smartphone.” – Сподели Џери Хсиао, Vice President of Lenovo Phone Product Management & Operations , Lenovo Mobile Business Group – “Луѓето очекуваат многу повеќе од смартфоните денес, отколку претходно. Обичното снимање на најважните лични моменти или пак оние споделени со семејството и пријателите, веќе не е доволно.Корисниците сакаат токму нивните кадри да се издвојат меѓу сите останати во социјалните мрежи. Внимателно слушајќи гио нивните желби, ние темелно го изработивме VIBE S1. ”

Две е повеќе од едно

VIBE S1 е вистински уникатен токму поради своите две селфи камери – 8 мегапикселната главна предна камера е за јасните и светли кадри, а втората од 2 мегапиксели – анализа на сликата во длабочина, имитирајќи го човечкиот биокуларен вид. Двете камери работат во целосна синхронизација, за да откријат неостварени можности и им придадат на селфињата креативенвкус.

Откако ќе го направите селфито и со двете камери, можете да изберете од бројни опции за модификација и уредување. Функцијата за замаглување овозможува да го поместите фокусот во секој дел од селфито во кое сакате (со до 3 фокусни плана), а “боке” ефектот го стилизира селфито и ги отстранува недостатоците. Со функцијата “исечете” можете да отсекувате луѓе од фотографијата и да ги залепите на секоја друга можна слика што сте ја направиле (со богат избор на автоматски зачувани или симнати од интернет слики). За да ја замислите сликата појасно – може да снимате дома, но да се стави човекот пред Ајфеловата кула или Таџ Махал, на пример.

Селфињата ноќе или во слабо светло веќе не се проблем со предната камера на VIBE S1, која располага со BSI сензор за чистење квалитетот на сликите на темно. Имаме изненадување и за вистинските селфи експерти, кои ќе бидат задоволни само откако ќе го пробаат VIBE Xtension ™ – дополнителен селфи блиц, кој им овозможува да бидат фотографирани до 100 селфита со природна боја на ноќните фотографии само со едно полнење на батеријата.

Задната 13-мегапикселна камера на VIBE S1 ги фаќа највредните моменти со кристална јасност. Автофокусот драстично ја менува брзината на фокусирање со која сме навикнати, а двобојниот блиц ги балансира тоновите дури при несоодветна светлина.

Дизајнерите на VIBE S1 посветиле посебно внимание на секој детаљ од изработката на смартфонот. Чувството е исто толку добро како и изгледот, благодарение на стаклениот панел од Gorilla® Glass и тенката заоблена метална рамка од страна. Со своите фини мерки од 7,8 mm во профил и едвај 132 грама тежина, тој удобно се сместува во раката на секој корисник.

Изгледот сепак не е сè. VIBE S1 дефинитивно не прави компромиси со хардверот. Со 64-битен MediaTek осумјадрен процесор и 3GB RAM меморија, тој со леснотија се справува со секоја поставена задача. Со меморија од 160GB меморија со можност за додавање на до 128GB преку microSD, беспрекорно се чуваат незамисливо досега 40 000 фотографии. Смартфонот работи со оперативен систем Android ™ 5.0 (Lollipop), а секој корисник може да гледа фотографии на Mughal 5-инчен Full HD дисплеј и да ги споделува брзо со апликацијата SHAREit од Lenovo. Конечно, но не на последно место, VIBE S1 “развива брзина” од 4G LTE мобилна врска.

Моделот ќе се нуди во две атрактивни бои – бисерно бела и ноќна темно сина.