Лео ди Каприо го прослави својот 50-ти роденден, на забавата цела холивудска елита

од Vladimir Zorba
70 прегледи

Холивудскиот актер Леонардо ди Каприо го прослави својот 50-ти роденден. Во оваа прилика тој одржа голема забава во својата приватна резиденција во Лос Анџелес, каде што го придружуваа само одбрани имиња од светската елита.

На забавата дојде и колегата на Ди Каприо, Бред Пит, придружуван од неговата девојка Инес Де Рамон. Покрај него, меѓу гостите беа и режисерот Стивен Спилберг и неговата сопруга Кејт Капшо, како и актерот Роберт ДеНиро.

Покрај сите нив, кај Ди Каприо присуствуваа личности како Кејти Пери и Орландо Блум, Џејми Фокс, Парис Хилтон, Марк Руфало, Кара Делевињ, Крис Рок, Тоби Мегваер и Џош Стоун.

На оваа роденденска забава присуствуваше и колешката на Ди Каприо од Титаник, Кејт Винслет. Заедно со неа, меѓу елитните гости беа и ММА борецот Чак Лидел, Бенисио Дел Торо и Едвард Нортон. Според пишувањата на медиумите, за роденденското момче пеел и легендарниот Стиви Вондер.

Присутно беше и семејството на Леонардо. Неговиот татко Џорџ ди Каприо ја донел сопругата Пеги, додека мајката на Лео, Ирмелин, го донела нејзиниот сопруг Дејвид Вард. Големиот ден на актерот го прослави и неговата 26-годишна девојка Виторија Серети, италијанска манекенка која беше поврзувана со Ди Каприо во последните неколку месеци.

Иако со години се шпекулира дека Ди Каприо ја остава секоја девојка откако ќе наполни 25 години, се чини дека Виторија успеала да го освои неговото срце. Поради сето ова, неговите обожаватели шпекулираат дека овој холивудски ерген наскоро би можел да „рипне во тавче“.

Гласините за венчавката ги подгреа и тоа што Италијанката беше фотографирана во јавност со голем дијамантски прстен. Виторија веќе беше мажена во 2020 година за италијанскиот диџеј Матео Милери. Не се знае дали се развеле, а манекенката се уште има заеднички фотографии со сопругот на Инстаграм, поради што многумина се прашуваат дали на нивниот брак му дојде крајот поради Ди Каприо.

Слични содржини