Откако преживеа во “Повратникот”, кандидатот за”Оскар” Леонардо ди Каприо се подготвува да си ги тестира вештините во научна експедиција во Монголија.4660837

Како што објавија “Пипл”, холивудскиот актер си го  купил учеството во експедиција за време на добротворна аукција на традиционалната amfAr гала вечер минатата среда.

Ѕвездата платила за авантурата 95 000 долари. Актерот треба да замине по церемонијата на доделувањето на наградите “Оскар” подоцна овој месец. Експедицијата ќе биде предводена од познатиот истражувач Јохан Ернст Нилсон.

На добротворниот настан присуствуваа и други познати личности како Роберт де Ниро, Ума Турман, раперот Џеј Зи и др. Сите средства собрани во текот на аукцијата ќе одат за Меѓународниот фонд за истражување на СИДА.

Експедицијата ќе вклучува проучување на езерото Ховсгол, со прекар “Темносиниот бисер на Монголија”, а учесниците ќе јаваат и ќе ловат со соколи “, раскажа Нилсен пред” Њујорк пост “. Лео ќе се насладува на храна со номадско семејство, но тоа нема да е толку “екстравагантно” како во “Повратникот”, каде тој јаде суров црн дроб на бизон. Тој ќе спие во традиционален шатор, познат како Јорта, а готвач и локални водичи ќе се грижат за удобноста на учесниците за време на патувањето.

Слични содржини