Леонардо Ди Каприо и Бред Пит ќе соработуваат во новиот филм на Тарантино

од Vladimir Zorba
423 прегледи

Две од најголемите холивудски ѕвезди – Леонардо ди Каприо и Бред Пит, ќе глумат во новиот филм на Квентин Тарантино „Once Upon a Time in Hollywood“, објавија светските новински агенции.

Филмот е за Лос Анџелес во 1969 година и за него се зборува како проектот на Тарантино за Чарлс Менсон. Ниту Ди Каприо, ниту Пит, сепак, нема да влезат во улога на Менсон. Тие ќе играат двајца актери со проблеми во кариерата.

„И двајцата се борат да се пробијат во Холивуд, кој веќе не може да се препознае. Рик (Ди Каприо), сепак има многу познат сосед… Шерон Тејт“, објаснија од „Сони пикчрс“.

Шерон Тејт – бремената сопруга на режисерот Роман Полански, е убиена во 1969 година од следбеници на Чарлс Менсон.

Ова е првиот заеднички филм на Леонардо Ди Каприо и Бред Пит.
Но, двајцата веќе работеа заедно со Тарантино. Ди Каприо учествуваше во „Django Unchained“, а Пит е во „Inglourious Basterds“.

Филмот ќе излезе на екран на 9 август 2019 година, 50 години по убиството на Тејт и четворицата нејзини пријатели. Тарантино работи на сценариото пет години. Ова ќе биде негов деветти филм.

Слични содржини