Леонардо ди Каприо и Џиџи Хадид фатени заедно? Парот уловен во интимно издание

од Stefanija Kuzmanovska
300 прегледи

Откако ја прекина четиригодишната врска со 25-годишната манекенка Камила Мороне, оскаровецот Леонардо ди Каприо (47) веќе беше поврзуван со неколку жени, но се чини дека славниот актер има фрлено око на Џиџи Хадид (27), еден од најпознатите модели во светот во моментов. Сега наводно биле снимени заедно во клуб.

Познатиот актер и модел наводно биле уловени во клуб во Њујорк.

Бројните фанови поради фотографиите и очевидците на забавата се убедени дека Лео сега се забавува со Џиџи.

На фотографиите Леонардо и Џиџи изгледаат многу блиски.

Уште порано странските медиуми објавија дека Лео и Џиџи летово неколку пати завршиле заедно, но никој не ги потврди ниту ги демантираше овие наводи.

– Лео се фокусираше на Џиџи, но таа се уште не покажала никаков интерес за него. Тие се пријатели и Џиџи не сака ништо романтично со него – рекол близок извор, пренесува Daily Mail.

– Се познаваат неколку години и меѓусебно се привлекуваат. Таа е токму негов тип: прекрасна, но скромна – изјавил друг извор.

Слични содржини