Леонардо ди Каприо и Камила Мороне наводно раскинале по повеќе од 4 години врска

од Vladimir Zorba
394 прегледи

ЛЕОНАРДО ДИКАПРИО и манекенката Камила Мороне раскинаа, објави магазинот People. Извори блиски до парот ја потврдија веста, но причината за раскинувањето не е позната.

Последен пат заедно беа видени на почетокот на јули. Фотографите тогаш ги снимиле како шетаат на плажата во Малибу со своите кучиња.

Актерот беше во врска со Камила повеќе од четири години. За нивната врска почна да се зборува во јануари 2018 година кога заедно беа на патување во Колорадо. Врската ја потврдија две години подоцна, кога седеа заедно во првиот ред на Оскарите.

Пред три години, извор близок на парот изјави за People дека „нивната врска е сериозна и Камила поминува многу време во куќата на Лео“.

Тој додаде дека познатиот актер им ја претставил манекенката на своите родители.

Слични содржини