279
Леонардо ди Каприо наводно ја добил улогата на Френк Синатра во новиот филм на Мартин Скорсезе, пишува Variety. Улогата на Ава Гарднер и припаднала на Џенифер Лоренс, со која Ди Каприо соработуваше на филмот Don’t Look Up.
Од друга страна, Ди Каприо и Скорсезе соработуваа неколку пати. Ова дуо е еден од најплодните актерско-режисерски парови, зад нив се филмовите како Gangs of New York, The Aviator, The Departed, Shutter Island и The Wolf of Wall Street. Нивниот последен филм, Killers of the Flower Moon, беше номиниран за 10 Оскари.
Веста за биографскиот филм за Френк Синатра беше дочекана со ентузијазам од фановите и коментираа на социјалните мрежи дека „Ди Каприо е одличен избор за улогата на Френк Синатра“.