Леонардо ди Каприо „освои“ колешка која е две години помлада од филмот Титаник (ФОТО)

од Stefanija Kuzmanovska
368 прегледи

Актерот Леонардо ди Каприо неодамна беше виден во јавноста со колешката Викторија Ламас, иако беше објавено дека е во врска со моделот Џиџи Хадид.

Викторија и Ди Каприо биле видени во еден клуб во Лос Анџелес, каде вечерале, а потоа заедно влегле во автомобилот и заминале.

Како што пишуваат странските медиуми, тие се веќе извесно време во врска, но извор близок на актерот наводно рекол дека тие се само пријатели.

Викторија е девојка која потекнува од познато семејство, нејзиниот татко Лоренцо Ламас бил актер, додека нејзината мајка е актерка и зајачица на Плејбој.

Ламас немаше некои забележителни улоги, глумеше во серијата „Тајниот идентитет“, но само една епизода, и во неколку кратки филмови.

Инаку, многумина коментираа дека Викторија е помлада од хит филмот на актерот „Титаник“, кој е снимен во 1997 година, додека таа е родена во 1999 година.

Слични содржини