Леонардо Ди Каприо се запозна со Грета Тунберг

од Elena Daskalova
287 прегледи

Оскаровецот Леонардо Ди Каприо се запозна со младата активистка Грета Тунберг, и ја опиша како „лидер на нашето време“. Актерот кој исто така е голем активист и борец за заштита на околината, изјави дека за него било голема чест што се запознал со тинејџерката која се бори против глобалното затоплување.


Во објавата на Инстаграм, тој напиша дека има многу малку моменти во историјата кога гласот на народот во такви клучни моменти бил толку моќен, а Грета Тунберг е лидер на нашето време.
“Историјата ќе ни суди за тоа што го правиме денес и во каква состојба ќе е им ја оставиме Планетата на идните генерации, оваа планета која ние ја земаме здраво за готово. Се надевам дека пораката на Грета ќе биде повик за будење на светските лидери дека времето на неактивност е поминато. Тоа е така бидејќи Грета, и младите активисти од целиот свет ме прават оптимист за тоа на кого ја оставаме иднината. Чест ми беше да се дружам со Грета. Ние се договоривме дека ќе си бидеме поддршка еден на друг во борбата за спас на планетата.“

View this post on Instagram

There are few times in human history where voices are amplified at such pivotal moments and in such transformational ways – but @GretaThunberg has become a leader of our time. History will judge us for what we do today to help guarantee that future generations can enjoy the same livable planet that we have so clearly taken for granted. I hope that Greta’s message is a wake-up call to world leaders everywhere that the time for inaction is over. It is because of Greta, and young activists everywhere that I am optimistic about what the future holds. It was an honor to spend time with Greta. She and I have made a commitment to support one another, in hopes of securing a brighter future for our planet. #FridaysforFuture #ClimateStrike @fridaysforfuture

A post shared by Leonardo DiCaprio (@leonardodicaprio) on

Грета се најде на насловните страници од светските списанија кога на Самитот за климатски промени во Њујорк им се обрати на светските лидери:
„Ова е сосема погрешно. Јас не треба да бидам овде, туку во училиште на другата страна од океанот. Но вие во нас младите барате решение. Како се осмелувате. Ми ги украдовте соништата и детството со празни зборови. Сепак јас сум една од оние малкумина среќни деца. Луѓе страдаат, умираат и цели екосистеми колабираат. Ние сме на почетокот на масовно истребување. А сè за што вие зборувате се пари и празни приказни за вечен економски раст. Како се осмелувате?“

Слични содржини