518
За разлика од многу ѕвезди кои Божиќните празници ги поминаа дома, пејачката Лепа Брена отпатува на Малдивите со нејзиниот сопруг Бобо Живојиновиќ.
Пејачката на својот Инстаграм профил објави фотографија на која позира на плажа, со свртен грб, во бел летен фустан и со шешир.
Иако короната сè уште владее, пејачката и нејзиниот сопруг патуваа многу во 2020 година, и се чини дека оваа година нема да биде ништо поразлична.