280
Предлог за денешниот ручек…
Состојки:
– 400 гр пилешко бело месо
– 4 дл павлака за готвење
– 200 гр ориз
– Пармезан
– Сол, бел бибер, зачини по желба
Подготовка:
Во претходно загреана рерна на 220 степени, во тава подмачкана со масло, печете го зачинетото бело месо околу половина час.
Во меѓувреме сварете го оризот, па процедете го.
Печеното пилешко се сече на коцки и се меша со оризот.
Додадете ја павлаката за готвење, пармезанот и промешајте на умерена температура.
Кога се добро ќе се соедини, послужете топло.
Пријатно!