316
Вкусна и сочна комбинација на состојки за лесен појадок.
Состојки:
– 1 мало парче диња
– 3-4 лажици малини
– 1 дл млеко
– 1 дл јогурт
– 1 лажичка мед
– 2 лажици овесни снегулки
– неколку листови свежо нане, по желба
Подготовка:
Во блендер ставете парче диња исечкана на коцки, додадете малини и овесни снегулки.
Потоа додајте млеко и јогурт и сè убаво измешајте неколку минути.
Засладете со мед и измешајте уште малку.
Послужете веднаш.