Летните топлотни бранови би можеле да ги променат туристичките навики

од Stefanija Kuzmanovska
244 прегледи

Летниот топлотен бран и натпросечните високи температури низ јужна Европа би можеле да предизвикаат трајни промени во туристичките навики, бидејќи повеќе туристи би можеле да се одлучат за поладни дестинации или да одат на одмор во пролет или есен, предвидуваат туристичките организации и експерти.

Податоците на Европската комисија за патувања (ETC) покажуваат дека бројот на луѓе кои планирале јунски одмор во Медитеранот веќе е намален за 10 отсто во споредба со минатата година, пренесува „Ројтерс“.

Значителен пораст на интересот бележат туристичките дестинации како Чешка, Данска, Ирска и Бугарија.

Слични содржини