Со пораката да го вратиме ВМРО на правите ВМРОВЦИ, против сквернавењето на партијата за мафијашки и матни цели и барање поединци кои се офајдиле од партијата да не се кријат зад колективната одговорност, во вид на летоци беше преплавено пазариштето на Гевгелија-информира Гевгелијанет.

Многумина од пазарџиите и купувачите ги прочитаа пораките кои бараат да не се дозволи целата партија да биде доведена во прашање поради лични интереси на поединци.
Деновиве низ медиумите се јавија и реакции за односите во владеачката партија и присилната верност на функционерите со депонирани меници од по 200 илјади до 400 илјади евра, заверени на нотар за активација доколку се отстапи од партиската програма.
Таканаречената Амстердамска тројка е далеку од Гевгелија (меѓу кои прв се огласи Никола Димитров), но очигледно незадоволни членови на владејачката ДПМНЕ имаат што да им порачаат на своите сопартијци за дејствувањето и внатрешните односи во партијата кои се сведуваат само на остварување на личните цели на поединци.
Во летокот стои:
Да не дозволиме името ВМРО да го сквернават вакви мафијаши користејќи го за своите матни цели.
Да не дозволиме целата партија да биде доведена во прашање поради лични интереси на поединци!
Да не дозволиме поединци да се кријат зад колективната одговорност!
Да го вратиме ВМРО на правите ВМРОВЦИ!