140
Летонија годинава почна да конфискува автомобили од пијани возачи, а бидејќи стотиците одземени возила го надминаа капацитетот, реши да ги испрати во украинската армија и болниците.
Во средата седум автомобили биле натоварени во приколка од државниот магацин на трајно одземени возила и се упатиле кон Украина, пренесува „Ројтерс“.
За два месеца од возачи чиј алкохол во крвта бил поголем од 0,15 отсто биле одземени 200 автомобили.