Министерството за надворешни работи на Летонија има намера да одговори со иста мерка на протерувањето на летонските дипломати од Белорусија, соопшти Министерството за надворешни работи на Балтичката Република.
– Како одговор на постапките на Белорусија, Министерството за надворешни работи на Летонија го покани дипломатскиот претставник на Белорусија да го извести за идентични мерки и протерување на белоруските дипломати до нормализирање на односите – се наведува во соопштението на Министерството за надворешни работи.
Претходно, амбасадорот на Летонија во Минск, Еинарс Симанис беше поканет во Министерството за надворешни работи на Белорусија поради навреда на државното знаме на републиката во Рига. Шефот на белоруската дипломатија, Владимир Макеј, објави дека сите вработени во летонската амбасада биле замолени да ја напуштат Белорусија, заедно со амбасадорот Симанис. Ќе остане само едно техничко лице.