Литванија и Летонија започнаа да подигнуваат ограда на границата со Белорусија со цел да ги спречат илегалните мигранти да влезат во Европската унија преку нејзината надворешна граница, јавува Хрватската радио-телевизија.
Литванија започна да гради ограда долга 508 километри, пренесува ХРТ, повикувајќи се на Хина.
Буриња со бодликава жица се поставуваат на еден дел од границата во близина на градот Друскиникаи, објави синоќа тамошната влада, додавајќи дека во тек се подготвителни работи и на други делови од границата.
Завршувањето на изградбата е планирано за 2022 година, а вкупната цена ќе биде 152 милиони евра.
Во соседна Летонија, исто така, започна работата за изградба на ограда на границата со Белорусија.
Како краткорочно решение, повеќе од 37 километри спирална бодликава жица ќе бидат поставени на различни делови од границата.
Владите во Вилнус и Рига ја обвинуваат Белорусија дека им помага на бегалците од воените зони да стигнат до надворешната граница на ЕУ, и со тоа сака да создаде мигрантска криза.
Белорускиот претседател Александар Лукашенко ја предупреди ЕУ кон крајот на мај дека неговата земја повеќе нема да ги спречува мигрантите да патуваат во ЕУ, како одмазда за зајакнувањето на санкциите од Западот против Минск.
Литванија, Латвија и Полска се борат со бран илегални мигранти од Блискиот Исток што ги преминуваат нивните граници. Сите тројца прогласија вонредна состојба во пограничната зона.
Фото: State Border Guard of the Republic of Latvia