Шефот на дипломатијата на Летонија ја повика Европската унија да ја прогласи Русија за држава спонзор на тероризмот.
Едгарс Ринкевич исто така изјави дека го осудува „бруталното убиство на украинските затвореници од страна на руските вооружени сили во Оленивка и тековните злосторства извршени од руската армија против Украина“ и ја повика ЕУ да ги забрани туристичките визи за Русите.