Летонија ќе конфискува возила за сериозни прекршоци и ќе ги испраќа на украинската армија

од Vladimir Zorba
153 прегледи

Во некои земји не се двоумат да удрат на возачи кои ги прекршуваат сообраќајните прописи, односно оние кои прават сериозни прекршоци. Очигледно сфатија дека само остри мерки и болен удар по паричникот успеваат во борбата против непочитувањето на законот и загрозувањето на другите учесници во сообраќајот.

Една од земјите кои се одлучија за прилично оригинален начин на казнување е Летонија.

Балтичката држава ќе ги конфискува возилата фатени во сериозни прекршоци и ќе ги испрати во Украина за да и помогне на војската на земјата, која веќе една година се справува со руската агресија.

Планот го обелодени летонскиот премиер Артурс Кришјанис Кариш, на иницијатива на Министерството за финансии на оваа земја, кое во моментов ја подготвува програмата за реализација.

Идејата потекнува од движењето познато како „Twitter convoy for Ukraine“, кое, според Business Insider, веќе испорача повеќе од илјада автомобили на украинската армија.

„Им недостигаат автомобили за да продолжат да прават добри дела со ист интензитет“, рече портпаролот, додавајќи дека верува дека конфискувањето на автомобили од пијаните возачи во Летонија ќе помогне во иницијативата.

Според законите во оваа земја, автомобилите ќе бидат одземени за возачите кои имаат повеќе од 1,5 промили алкохол во крвта.

Слични содржини