Левандовски: Можеме да го победиме Реал Мадрид

од Vladimir Zorba
227 прегледи

Напаѓачот на Барселона, Роберт Левандовски смета дека неговиот тим има доволно квалитет да го победи Реал Мадрид на претстојното „Ел Класико“. Двата шпански гиганти ќе се соочат денеска на „Сантијаго Бернабеу“, а ова ќе биде последна шанса за Каталонците да видат каква било интрига во битката за титулата.

„Ел Класико е секогаш посебен натпревар, не само за нас, туку и за луѓето ширум светот. Сите со нетрпение го очекуваат овој судир. Се надевам дека ќе прикажеме офанзивен фудбал, со кој можеме да ги израдуваме навивачите ширум светот. Подготвени сме за победа на овој натпревар“, изјави Левандовски.

„Од една страна, ја почитувам одлуката на Чави да си замине, па сега сме целосно фокусирани на настап до крајот на сезоната. Успеавме да решиме некои проблеми и тешкотии што ги имавме и продолжуваме да се бориме, да сакаме да победиме на секој меч до крајот на сезоната“, додаде Полјакот.

Слични содржини