Фудбалерите на Баер Леверкузен се вторите финалисти на овосезонскиот Куп на Германија. Избраниците на Чаби Алонсо ја декласираа Фортуна Дизелдорф со резултат 4:0 (3:0) и имаа можност да освојат уште еден трофеј оваа сезона.
Фримпонг ги доведе „Фармацевтите“ во водство во седмата минута, а Адли во 20. минута го удвои водството. Вирц на девет минути пред одморот зголеми на 3:0 и практично го реши прашањето на победникот.
Истиот играч на истекот на првиот час со гол од белата точка стави крај на конечниот резултат. Во финалето Баер ќе игра против второлигашот Кајзерслаутерн кој во вторникот вечерта го елиминира Сарбрикен (2:0).
Тимот од Леверкузен ќе биде фаворит во тоа финале, а да потсетиме практично веќе ја освоија шампионската титула во Бундес лигата.
Исто се во игра и за трофејот во Лига Европа каде ривал во четврт-финалето ќе му биде англиски Вест Хем.