Левица: Апасиев и Крмов поднесоа антипровизиски закон за намалување на екстрапрофитите на банките

од Nikola Popovski
117 прегледи

Пратениците на Левица во Собранието на Република Македонија, Димитар Апасиев и Борислав Крмов, поднесоа Предлог-закон за дополнување на Законот за платен промет, „чија основна цел е намалување на екстрапрофитите на банките кои ги остваруваат преку т.н. некаматни приходи, а неосновано ги наплаќаат од граѓаните и од фирмите“.

Од партијата велат дека банките во Македонија неоправдано ги зголемиле приходите по основ на т.н. скриени трошоци кои ги наплаќаат согласно тарифа која самите си ја донесуваат, без никаков надзор и контрола од страна на Народната банка на РМ.

-Законот, за кој очекуваме поширока парламантарна поддршка од сите партии, е насочен директно против оваа неетичка стратегија на комерцијалните банки и со истиот им се забранува на банките да наплаќаат за нормални и секојдневни платежни услуги кои им ги пружаат на своите клиенти – како на пример: водење на трансакциска сметка; членарини за платежни картички; електронски плаќања на уплатници; услуги на мобилно и е-банкарство; издавање изводи од сметка; доставување на податоци до судови, нотари и извршители; блокирање и деблокирање на сметка; проверка на состојба; подигање готовина од друг банкомат; измислени т.н. „административни трошоци“ за издавање кредит кои се изразуваат во фиксен или процентуален износ и сл, стои во соопштението на Левица.

Слични содржини