Левица бара итно разрешување на Гаши: Поднесовме интерпелација по седум точки

од Илинка Илиоска
76 прегледи

Политичката партија Левица ја критикуваше употребата на службено возило од страна на претседателот на Собранието, Африм Гаши, за приватни цели, конкретно за присуство на свадба во Косово. Според Левица, Гаши ја искористил службената поддршка и возило за лични интереси, што довело и до блокирање на граничниот премин.

„Дивеењето на коалицискиот партнер на Мицкоски и ДПМНЕ е евидентно уште од конститутивната седница! За збеснатиот Гаши, Левица веќе поднесе интерпелација во Собранието по седум точки и истата чекаме да биде ставена на дневен ред. Бланко – поддршката за избор на претседател на Собранието од редовите на ДПМНЕ останува.“ се наведува во соопштението на Левица.

Партјата исто така потсети на претходениот инцидент кога обезбедувањето на Гаши биеше инволвирано во неадекватно однесување на аеродромот. Левица ја нагласи својата иницијатива за укинување на функционерските привилегии и предложи конкретни мерки за спречување на злоупотребата, како што се „укинување на привилегиите и патните трошоци,“ „воведување специјални црвени регистарски таблички“ и „воведување на GPS локатори.“

„Само со укинување на функционерските привилегии ќе се спречи нивна злоупотреба,“ велат од Левица.

Слични содржини