На денешната Собраниска седница, пратениците од Левица понудија бланко – поддршка за ДПМНЕ да не изгласа претседател на Собранието којшто изминативе години промовира балистички и иредентистички политики, многукратно повредувајќи ги македонските инсигнии, велат од Левица.
– За жал, партијата која се претставува за заштитник на македонските националните интереси, одби да постави Претседател на Собранието од своите редови, погазувајќи го легитимитетот добиен од македонскиот народ и моќ во законодавниот дом од 58 мандати, одлучи спикерското столче да го поклони на партија која има освоено само два мандати.
Партијата предводена од Мицкоски капитулираше пред „Тиранската платформа“ уште на првата собраниска Седница!
Ова го оценуваме како генерална проба за внесување на Бугари во македонскиот Устав и доспроведување на Софиската платформа, за која вратата ја подотвори квислингшката СДС.
Пратениците на Левица останаа беа единствените кои побараа збор, ја проблематизираа и доследно се бореа за промена на оваа одлука, ставајќи ги уште еднаш државните интереси пред сè. Нивните гласови беа единствените ПРОТИВ ваквата одлука на новото мнозинство.
Пратениците од Левица ја напуштија седницата и не присуствуваа на свеченото давање изјава на Гаши, се вели во соопштението на Левица.