Левица е против новиот предлог ДУП на Тимчо за населба Лисиче

од Radmila Tasevska
242 прегледи

Презентацијата на вториот предлог ДУП за населба Лисиче помина неславно. Жителите сложно го отфрлија „коригираниот“ предлог ДУП кој го понуди Тимчо Муцунски и општина Аеродром, кој е изменет само естетски, но не и суштински, пишува во реакцијата на Левица.

Од партијата велат „високите згради, кои се главна пречка на жителите од населба Лисиче и кои ќе попречуваат проток на воздух низ населбата, и понатаму остануваат во новиот предлог ДУП“.

„Дали со овој нов предлог ДУП градоначалникот Тимчо Муцунски покажува дека е тесно поврзан со фирмата Голден Арт, која треба да ги гради зградите, и дали сака да ги изигра жителите од населба Лисиче.

За да се реши проблемот со спорниот предлог ДУП, советниците на Левица во општина Аеродром предлагаат:

Советот на општина Аеродром преку гласање да ги избрише постоечките маркици за зградите, исто како што се направи и за новиот парк кај трговскиот центар „ЛИСА“, со што ќе се излезе во пресрет на жителите од населба Лисиче и нема да им се наруши квалитетот на животот“, пишува во реакцијата на Левица.

Слични содржини