Левица: Ја исклучивме од партијата Снежана Стојчевска поради луксузирање со народни пари, ја затвори третата смена на читалните среде испитна сесија

од Milan1
91 прегледи

Ја информираме јавноста дека Левица ја исклучи од своите редови Снежана Стојчевска – актуелната директорка на Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ во Скопје, поради извесно коруптивно и клиентелистичко влијание, како и несоодветно и своеволно раководење со институцијата!, соопштија од ова партија.

– Дисциплинската одлука е донесена бидејќи таа, во дослух и таен договор со ДПМНЕ и со Министерот за локална самоуправа во Владата на Мицкоски, Златко Перински – како претендент за следен деструктивен кандидат за Градоначалник на Град Скопје, е фатена на дело како мести конкурси за вработување, ги злоупотребува своите овластувања за остварување лични интереси и за ухлебување пријатели во институцијата, свои и на министерот Перински.

Откриеното несовесно работење на дотичната резултира и со намалување на фондот на изнајмени книги за 30%, како и со влошување на севкупната работна атмосфера во Библиотеката. На ова се надоврзува и скорешното ненаменско трошење буџетски пари за сомнителни службени авионски патувања во странство, а како капка која ја прели чашата е и скандалот со затворањето на третата смена на студентските читални среде испитна сесија, што се случува за прв пат во историјата!

Како резултат на овие злоупотреби, Президиумот на Левица го поништува нејзиното партиско членство како што и ќе постапи секогаш кога ќе открие неморално однесување кај своите членови кои вршат јавна функција! Нема да толерираме никакви коруптивни практики и никакво отстапување од партискиот курс на неподмитливоста поради ничии лични амбиции, хирови или карактерни маани. Како досега, така и отсега ќе делуваме бескомпромисно, принципиелно и стого антикорупциски, без оглед на тоа за каков калибар на кадар станува збор и кој партиски ешалон е во прашање.

Никој во Левица нема право да се коцка со тешко спечалената народна доверба и своите приватни интереси да ги става над јавните! Затоа, бараме итна и неотповиклива оставка на Стојчевска од функцијата „директор“ на Градската библиотека, а доколку тоа не го стори самата – јавно ја повикуваме Градоначалничката на Град Скопје – Данела Арсовска, истата веднаш да ја разреши, наведуваат од Левица.

Слични содржини