Партијата Левица информира дека новото планирано кадровско решение за ресорот земјоделство во реконструираната Влада донесе непријатно изненадување за сите земјоделци.
Според партијата, за нов заменик-министер за земјоделство е предложена Вјолца Бериша од Алијанса на Албанците, која по професија е професор по Албански јазик и литература и предавач по поезија и проза.
-Иако премиерот Ковачевски, бранејќи го влегувањето во владата на Алијанса за Албанците и новите кадри од таа партија, изјави дека донесените одлуки за реконструкција на владиниот кабинет не биле мотивирани од тесно партиски интереси, реалноста е дека крајно нестручен кадар е поставен за заменик министерот во едно од најзначајните министерства.
Во услови кога егзистенцијата на земјоделците е загрозена и потребна е сеопфатна национална стратегија, ваквите некомпетентни кадри потврдуваат дека и старо-новиот владин состав нема капацитет да ги надмине предизвиците од економската и енергетската криза, велат од партијата на Димитар Апасиев.