Левица оддаде почит на гробот на Тито

од Vladimir Zorba
282 прегледи

По повод Денот на Републиката, пратениците на Левица, Димитар Апасиев и Борислав Крмов го посетија вечното почивалиште на најголемиот државник на овие простори – Јосип Броз Тито, под чие водство против фашистичките сили и домашните предавници, македонските партизани победија во војната и Револуцијата, пишуваат од партијата на својот фејсбук профил.

„Македонците и антифашистичката ИДЕЈА победија! Победија заедно со сите братски југословенски народи, за на 29-ти ноември 1943 година на Второто заседание на АВНОЈ, партизаните ја прогласат прогресивната југословенска работничка држава, во која македонскиот народ за прв пат, национално ослободен и класно рамноправен со останатите југословенски братски народи, ќе го забележи своето историско место и цивилизациско право за градење на сопствена држава, без отчет кон туѓи интереси“, споделија, меѓу другото, од партијата на Апасиев.

Слични содржини