Левица: Патриотите на батерии повторно коленичат пред ДУИ и ВРЕДИ – ДПМНЕ гласаше против одблокирање на Законот за бранителите

од Milan1
33 прегледи

– На денешната Комисија за деловнички и мандатно-имунитетни прашања, мнозинството на ДПМНЕ гласаше против да се одблокира Законот за бранители, велат од Левица.

„Имено, за дополнување на дневниот ред беше предложено да се утврди одговорност кај спикерот ГАШИ, затоа што истиот не го става т.н. Закон за бранители на дневен ред и дефакто го блокира овој закон. Членовите на Комисијата од ДПМНЕ гласаа против барањето да се утврди одговорност кај спикерот Гаши, со што свесно и намерно учествувааат во блокирањето на Законот за бранителите.

Со ваквото скандалозно гласање, се потврди дека ДПМНЕ во директна координација со Гаши го блокираат Законот за бранителите и повторно ги оставија на цедило припадниците на безбедносните сили. Додека премиерот Мицкоски има апсолутно мнозинство за конечно да го реши статусот на бранители, очигледно е дека со апсолутно мнозинство од 64 пратеници Мицкоски коленичи пред блокадите на Вреди“, се вели во соопштението на Левица.

Слични содржини