Левица поведе постапка пред Антикорупциска против Џафери

од Nikola Popovski
117 прегледи

Правниот сектор на Политичката партија Левица, до Државната комисија за спречување на корупцијата, поднел Претставка за утврдување судир на интереси поради неспоивост на функции против актуелниот претседател на Собранието на Република Македонија – Талат Џафери, бидејќи тој, како што велат од партијата, своеволно и спротивно на Уставот, законите и Деловникот, паралелно врши две неспоиви функции: парламентарен спикер и член на колективното Генерално претседателство на неговата матична партија ДУИ – што е законски забрането.

-Ова истовремено кумулирање на две инкомпатибилни функции во една личност е спротивно на изричната императивна уставна одредба од чл. 67, ст. 3 од Уставот на РМ, која јасно предвидува дека: „Функцијата претседател на Собранието е неспојлива со вршење на друга јавна функција, професија или функција во политичка партија“!

Имајќи го предвид ова, Левица – како опозициска парламентарна партија – бара од ДКСК, да ја констатира оваа противуставна состојба на неспоивост на функциите кои ги извршува Талат Џафери, како и да преземе идни мерки за нејзино отстранување – со барање оставка на Џафери од една од функциите кои нелегално ги извршува, стои во соопштението на партијата.

Слични содржини