Левица: Развој на односите со Русија е од круцијално значење за Македонија

од Илинка Илиоска
40 прегледи

Пратениците од Левица, Димитар Апасиев и Реџеп Исмаил – Хактан, денеска во Собранието на Република Македонија остварија официјална средба со рускиот амбасадор Н.Е. Сергеј Баздникин.

На средбата се разговарало за актуелните домашни и меѓународни теми, со посебен акцент на мултиполарниот свет и безбедносните предизвици на светската политичка сцена. Пратениците на Левица изразија поддршка за отворена соработка со сите големи сили и членки на Советот за безбедност, вклучувајќи ја и Русија, сметајќи дека развојот на односите со оваа земја е од круцијално значење за Македонија.

„Русија претставува огромна можност за економска, трговска и културна размена“, изјавија од Левица, нагласувајќи дека значителен дел од македонскиот народ не се согласува со владината политика на санкции кон Русија. Тие истакнаа дека санкциите, воведени под притисок на ЕУ и НАТО, продолжуваат да дејствуваат и под актуелната власт, и ги оценуваат како неоправдани и спротивни на интересите на двете земји.

 

Слични содржини