Екстремно шовинистички настроениот градоначалник на град Тетово, по веќе своевидно утврдена динамика и исценирана режија, продолжува да го омаловажува македонскиот народ. Тој и ова лето поддржува и промовира културно лето, преку кое се додворува на соседно Косово по урнек на Гаши, велат од партијата Левица.
„Имено, програмскиот дел на манифестацијата како и минатата година е испишана само на албански јазик. Во делот на настапите има само еден настап на македонски јазик и еден на турски јазик. Другите заедници, кои живеат, творат и воедно плаќаат порез на Касами се фантом – граѓани или попросто речено: небитни.
Напоменуваме дека застапени се две промоции: од кои преку едната се презентира и историски се величи војната во Косово. Додека другата се однесува на промовирање на косовска библиотека.
Потсетуваме дека Касами е еден од најнеобалостичките градоначалници во историјата на Македонија, кој отворено ја мрази државата, а истовремено одработува за Курти.
Досега, неговите партнери од ДПМНЕ И ЗНАМ не реагираа на ваквите подли игри и понижувања, туку ги сместија на највисоки државни позиции, во името на лажно-искривеното “братство” оти најважно е државата да биде горда, твоја, ничија, а сепак сечија“, се вели во партиското соопштение на Левица.