Левица: Скопјани повеќе од две години се заложници на меѓусебното инаетење на Арсовска и Мицковски

од Milan1
42 прегледи

„Скопјани повеќе од две години се заложници на меѓусебното инаетење на Арсовска и Мицковски, кои заедно во предизборната кампања ветуваа „Модерно Скопје“. Мицкоски, конечно, призна дека ДПМНЕ ја саботира работата на Град Скопје“, велат од партијата Левица.

„По средбата на скопската градоначалничка Арсовска со премиерот Мицкоски, на вчерашната координацијата со координаторите на советничките групи, којашто се одржа во Град Скопје, се насетува извесно затоплување на односите.

Интересно е што после координацијата, премиерот Мицковски изјави дека ги охрабрува советниците од ДПМНЕ во Советот на Град Скопје да ги поддржат програмите на јавните претпријатија, со цел да се стави „ред во хаосот“.

Оттука се наметнува прашањето:

Зошто досега советничката група на ДПМНЕ не ги гласаше овие програми (кој издал таква наредба?) и со тоа директно ја саботираше работата на претпријатијата, што ги прави директни учесници во креирањето на хаосот во Скопје?

Град Скопје е во колапс подолго време поради нефункционалноста на јавните претпријатија! Градоначалничката Арсовска на неколку месеци ги менува директорите на претпријатијата, додека, пак, советниците на ДПМНЕ во Советот на Градот не ги гласаат програмите според кои работат јавните претпријатија. Згора на сè е тоа што ДПМНЕ, коешто има мнозинство во управните и надзорните одбори на јавните претпријатија, дополнително ја отежнува работата на претпријатијата.

По повикот на Мицкоски до советниците од неговата партија, не знаеме како ќе гласа советничката група којашто го има мнозинство во Советот на Градот.

Останува да видиме дали ќе има доза на вразумување на седницата којашто ќе се одржи следниот четврток, но повеќе од сигурно е дека штетата што ја направија со досегашното саботирање на клучните програми, скопјани ќе ја чувствуваат уште долго“, се наведува во соопштението на партијата Левица.

Слични содржини