Левица со барање за инспекциски надзор: Охридското крајбрежје заробено од непознати изведувачи

од Milan1
131 прегледи

Партијата Левица извести дека од група граѓани добиле информации за узурпација на охридското крајбрежје со поставување лежалки, педалинки, тезги и друга урбана опрема.

„Партијата Левица поднесе барање за вонреден инспекциски надзор до Управата за јавни приходи, Комунална инспекција и Пазарна инспекција за да се утврди дали поставените лежалки, чадори и летни реквизити од баровите на плажите е во согласност со законите за доделување концесии во Република Македонија“, се вели во соопштението на партијата Левица.

„Потсетуваме дека пред неколку месеци, пред почетокот на летната сезона, политичката партија Левица реагира поради градежни зафати на самиот езерски брег кај Канео и поднесе иницијатива за вршење вонреден инспекциски надзор. Од инспекциската служба доби одговор дека се гради од непознат сторител, што е јасен сигнал дека и инспекциските служби се соучесници во организираното заробување на Охридското Езеро од страна на концесионерите“, се додава во соопштението.

Слични содржини